сабота, 27 јули 2024
Пред десетина дена дебитираше за првиот тим на „старата дама“

Несудениот македонски репрезентативец, Никола Секулов стави потпис на нов договор со Јувентус

Јувентус попладнево соопшти дека ја продолжил соработката со Никола Секулов, несудениот македонски репрезентативец се обврза кон „старата дама“ до јуни 2027 година.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето, Никола Секулов беше испратен на позајмица во Кремонезе, но на почетокот од јануари, фудбалерот од средниот се врати во Торино.

На 30. март, тој доби шанса за деби во првиот тим на Јувентус и одигра неколку минути во поразот во Рим од Лацио.

Очигледно „старта дама“ има верба во Никола Секулов, па попладнево пристигна информација дека тој е награден со нов договор и се обврзал на соработка до јуни 2027.

22-годишникот е роден во Пјаченца, играше во младинските категории за Македонија, но потоа реши да настапува за неговата родна земја, Италија. Се уште не добил повик за селекцијата на „аѕурите“, но настапува за младинските категории на италијанскиот национален тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ