сабота, 19 октомври 2024

Несторовски се врати во Хрватска, потпиша за Славен Белупо

По осум години поминати во Италија, Илија Несторовски се врати во Хрватска и потпиша за Славен Белупо.

Објавено на

часот

Сподели

Илија Несторовски е нов фудбалер на Славен Белупо, Македонецот попладнево потпиша на една година со клубот од Копривница.

Напаѓачот има убави спомени од настапите во Хрватска, во сезоната 2015/16 постигна 25 погодоци во дресот на Интер Запрешиќ, а добрите партии таа сезона му обезбедија трансфер во Палермо.

По три години поминати на Сицилија, Илија Несторовски се пресели во Удинезе, каде се задржа четири сезони во кои забележа скромен учинок.

Минатата сезона Македонецот беше дел од Асколи во Серија Б.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ