недела, 20 октомври 2024

Несторовски е пред трансфер во клуб од Серија Б

Објавено на

часот

Сподели

Италијанските медиуми уште пред десетина дена најавија дека Тернана е првфаворит за да го донесе Несторовски, а пред неколку дена почнаа преговорите и сега клубот ја очекува конечната одлука на прилепчанецот, кој е слободен откако му заврши соработката со Удинезе.

„Ќе има уште некое заминувања и неколку доаѓања за да се комплетира тимот. Нашата амбиција е да останеме во Серија Б, а откако Корадо остана, со Несторовски и Масиу, убеден сум дека ќе ја исполниме целта. Убеден сум дека Несторовски наскоро ќе нѐ засили“, рече Лукарели.

Несторовски веќе седум години е на Апенините откако во летото во 2016 година дојде од Интер Запрешиќ во Палермо за пола милион евра, а после три години на Сицилија се пресели во Удинезе откако Палермо банкротираше. Тернана сега ќе биде трет италијански клуб во неговата кариера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ