среда, 15 јануари 2025

Нестабилната дождлива маса се поместува кон исток, следните три дена со услови за дожд и невреме

Линијата на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се поместува кон исток, објави вечерва УХМР откако попладнево во делови од земјава имаше локално невреме, со дожд, грмежи и суградица. Најтопло денеска беше во Петровец кај Скопје со измерени 38,2°C.

Објавено на

часот

Сподели

Тиквешијата беше зафатена со невреме проследено со силен пороен дожд , грмежи и појава на град. Врнежи имало и во регионите на Росоман, Неготино, Лозово, Куманово, Свети Николе и во други места, додека во Скопската Котлина имало наместа послаби врнежи од дожд.

Најтопло во земјава повторно, три дена по ред, беше во скопски Петровец, каде беа измерени 38,2°C. Пред два дена таму беа измерени 43°C, а вчера 41,4°C.

До среда времето во земјава ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места, според УХМР, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Времето утре претпладне ќе биде умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ