Инцидентот со жичарницата се случил во скијачкиот центарот Астун, кој се наоѓа на шпанската граница со Франција, во планинскиот венец Пиринеи.
#ÚLTIMAHORA #Astún Nueve heridos muy graves, ocho graves y de momento se desconoce cifra total de heridos porque siguen evacuando. La más grave es una mujer y la van a trasladar al Servet en helicóptero. pic.twitter.com/ypVTb9Qra3
— Huesca esRadio (@EsRadio_Huesca) January 18, 2025
Во инцидентот се повредени најмалку 30 лица. Девет од нив се многу тешко повредени, осум тешко повредени, објавија локалните медиуми.
Причината за инцидентот засега не е позната.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат луѓе како лежат во снегот додека хеликоптер слетува во одморалиштето.
Ojo, que parece que se ha caído al menos una silla en #Astún. Suben muchas ambulancias. pic.twitter.com/oB9hrI4i4J
— Saúl Esclarín🔻 (@saulesclarin) January 18, 2025
Најмалку една жена се бори за живот и со хеликоптер е пренесена во болница во Сервет. Сите локални болници во Хака, Хуеска, Мигел Сервет, Универзитетската клиника, Рохо Виланова и Барбастро ги примаат повредените.
Colaboramos en las tareas de auxilio tras un accidente en la estación de esquí de Astún (Huesca) donde se ha descolgado una línea de telesilla de 15 metros de altura. Participan guardias civiles del Grupo de Rescate e Intervención en Montaña, Servicio Aéreo y Seguridad Ciudadana… pic.twitter.com/weioCLGGOc
— Guardia Civil (@guardiacivil) January 18, 2025
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е „потресен од веста за несреќата“.
„Сета наша наклонетост е до повредените и нивните семејства“, рече тој.