недела, 19 мај 2024

Несмасни крадци украле сеф од маркет во Црниче (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави снимка од грабежот на маркет што се случи пред два дена  во скопската населба Црниче. На снимката се гледа како четири лица со возило насилно влезени во маркетот го крадат сефот. Со вклучен аларм тие успеваат некако да го пикнат сефот во возилото, но по само неколку метри сефот паѓа на улицата Востаничка, па се враќаат за повторно да го стават во возилото. Снимката е направена од еден балкон од соседството.

Објавено на

часот

Сподели

За овој настан информираше и МВР. „На 1 април во 3.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле тешка кражба, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ