петок, 26 јули 2024

Неретва во БиХ целосно побеле, изгледа како еколошка катастрофа (ВИДЕО)

Меѓународната иницијатива за заштита на реките Да го спасиме синото срце на Европа објави снимка од реката Неретва која во дел од текот во Босна и Херцеговина целосно побелела.

Објавено на

часот

Сподели

„Како резултат на интензивирањето на работите на на изградбата на хидроцентралата Улог на горниот тек на Неретва, во повеќе наврати дојде до помор на рибите на делницата од неколку километри, а на подолг дел од текот на Неретва, животот во реката сопрел“, објави иницијативата со снимка.

Тие го цитираат Владимир Топиќ од Центарот за животна средина кој кажа дека глетката од Неретва изгледа како „еколошка катастрофа“.

„Водата е целосно бела и загадена, не знаеме дали станува збор за некои адитиви или нешто друго, но сигурно е дека сè доаѓа од градилиштето на Улог. Рибите угинуваат во водата, а останатите живи суштества страдаат во водата и околу водата. Видливо е како рибите излегуваат од водата поради недостиг од кислород. Последиците на ова загадување сигурно се чувствуваат со километри низводно“, кажа Топиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ