петок, 25 октомври 2024

Непознат возач со тротинет удрил и тешко повредил жена

Непознато лице со електричен тротинет удрило во 25-годишна прилепчанка, па избегало.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Борис Трајковски во Скопје, електричен тротинет удрил во А.Д.(25) од Прилеп и го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Д., констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ