сабота, 27 јули 2024

Неповолни мислења на ревизорите за работата на Агенцијата за филм во 2021 година

Објавено на

часот

Сподели

Цел на ревизијата била да се добие разумно уверување за тоа дали финансиските извештаи земени како целина се ослободени од материјално погрешни прикажувања. Ревизорите утврдиле слабости во објавените конкурси за финансирање на проекти, неажурна евиденција на доделените проекти во сите фази на реализација и непреземени мерки за раскинување на доделените договори кај проекти кај кои е утврдено непочитување на одредбите од договорите.

Во Агенцијата за филм нема контролeн механизaм и усогласувања за потврдување на целосноста на издадените решенија, за следење на нивната наплата и непреземени активности за обезбедување информации од продуцентите за вкупно остварени приходи од дистрибуција, експлоатација и продажба на филмот во Македонија и во странство, утврдиле ревизорите.

Според нив во Агенцијата за филм не се преземале мерки за раскинување на доделените договори кај проекти кај кои е утврдено непочитување на одредбите од договорите; утврдени се недостатоци во приложената документација од страна на продуцентските куќи предвидена со договорите за финансирање на проекти во филмската дејност, распоредување на трошоците на несоодветни ставки предвидени со финансискиот план и наменско користење на средствата, се вели во извештајот на ДЗР за работата на Агенцијата за филм во 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ