Активностите, како што информира Комунална хигиена Скопје, се реализираа на улиците Васил Чакаларов и Рузвелтова во општина Карпош и на булеварот Македонско-косовска бригада во општина Чаир.
„Утринава е забележано одлагање големи количини отпад од картонска амбалажа на две локации во централното градско подрачје – на сообраќајна површина на булеварот Кирил и Методиј и на паркинг-просторот лоциран на улицата Димитрија Чуповски. Непрописно одложениот отпад беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје“, се наведува во соопштението.