среда, 23 октомври 2024
Интервју со Амбасадорот Дејвид Гир

Неопходни се одлуки и конкретни реформи кои земјата ќе ја доближат до ЕУ, Охрид е дел од нив

Објавено на

часот

Сподели

„Разбирам дека дебатата во моментов за промена на Уставот е комплексна и суверена одлука за оваа држава. Сметам дека она што е добро е тоа што имаме конкретен предлог на маса и луѓето можат да го видат. Се разбира дека останува на различните членови на парламентот да проценат како тоа се вклопува во националниот интерес“ истакна амбасадорот Гир.

За тоа што ќе следува по завршување на скринигот, вели следниот чекор ќе биде да се отворат специфичните преговори во една област која, како што истакнува, е важна за реформите, посочувајќи дека големи се очекувањата во сферата на правосудството и борбата против корупцијата.

„Одреден напредок е направен во некои од овие области, како и работа на некои институции кои се борат против корупција, што е добро. Но, истовремено, има и некои загрижувачки елементи во други области“, додава Гир.

Во интервјуто, Гир уште зборува и за заштитата на културните и природните вредности на Охридскиот регион.

„Треба да се осигураме дека живеењето тука е одржливо. Треба да го зачувуваме прекрасното историско и уметничко богатство на овој град и Охридското Езеро и за идните генерации“, потенцира Гир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ