сабота, 27 јули 2024

Необјавени текстови на Мајкл Џексон на продажба

Објавено на

часот

Сподели

Кетрин Вилијамсон од аукционерската куќа „Бонамс“, која стиховите ги процени меѓу 3.000 и 5.000 долари, изјави: „Дејствува како да е пишувано во поетска форма. Има осум и пол реда и личат на стихови. Не успеавме да ги најдеме во неговата објавена музика, што значи дека станува збор или за необјавена песна или за идеја на која работел. Стиховите се мошне интригантни и очекуваме да привлечат голем интерес“.
Дерматологот од Беверли Хилс, најверојатно за да го зголеми интересот за стиховите, верува дека Мајкл си ја предвидел смртта на листот хартија што го продава.
Стиховите почнуваат: „Преку морето од време, ќе се сретнеме на бескрајните брегови, броејќи ги благословите на љубовната вечност“.
За сите заинтересирани – аукцијата ќе се одржи во Лос Анџелес, на 23 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ