недела, 19 мај 2024

Необичен слеп патник ја нарушил точноста на јапонската железница

Точноста на јапонската железница, која е позната низ светот, била нарушена денес поради присуството на необичен слеп патник – една змија, соопшти управата на брзите возови во Јапонија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Змија долга 40 сантиметри, за која не се знае дали е отровна, била видена во воз била видена во воз од Нагоја до Токио и предизвикала тревога кај патниците. Причината за присуството на змијата во возот не е позната.

„Тешко е да се замисли дека змијата сама влегла во возот на некоја станица“, кажал неименуван портпарол на железничката компанија ЈР централ. Таа компанија управува со сообраќајната линија на брзи возови (шинкансен) која ги поврзува Токио и Осака преку Нагоја.

Портпаролот кажа дека има правило кое забранува носење змии во шинкансен, но додаде дека не се проверува багажот на патниците.

Последицата од откривањето на слепиот патник, кој сепак не предизвикал ни паника ни каква било повреда, е доцнење на возот од дури 17 минути.

Отворена во 1964 година и подоцна проширена, мрежата шинкансен никогаш немала несреќа која би резултирала со смрт или повреда на патниците, наведе јапонската железница.

Брзите возови достигнуваат максимална брзина од 285 километри на час, а во текот на целата финансиска година 2022/23, возовите доцнеле во просек 1,1 минута. Во тоа се вклучени доцнењата предизвикани од природни катастрофи кои се вообичаени во Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ