сабота, 27 јули 2024

Ненси Пелоси: Унгарија треба да се исфрли од ЕУ

Највисокиот помошник на унгарскиот премиер Виктор Орбан реагираше вчера на коментарите на поранешната претседателка на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, која кажа дека Унгарија не би требало да биде дел од Европската Унија.

Објавено на

часот

Сподели

„За среќа, во Унгарија народот е тој што одлучува и гласа за својата иднина, и никој друг не одлучува за тоа. Дури ни демократите“, напиша Балаш Орбан на Икс (Твитер).

Пелоси своето мислење го изнесе во интервју за италијанскиот весник Кориере дла сера, коментирајќи ја владата во Рим.

„Постојат други членки на ЕУ кои не работат така добро за едни или други прашања“, кажа Пелоси. „Мислам дека Унгарија денес не би требало да биде во ЕУ, но кога еднаш ќе влезат, тешко е да се избркаат“.

Пелоси претходно ја критикуваше италијанската премиерка Џорџа Мелони поради нејзината емиграциска  ЛГБТ политика, која се коси со политиката на американската владејачка партија.

Политичарката од редовите на американските демократ сега ја пофали Мелони за тоа што зборува англиски и ја поддржува Украина, тврдејќи дека италијанската премиерка не заслужува поконкретно постројување од другите лидери во блокот.

Ова интервју не е првпат 83-годишната политичарка да предизвика меѓународно негодување. Во 2022 година Пелоси отпатува на Тајван и покрај експлицитните предупредувања од Кина, што предизвика повеќенеделни тензии со Пекинг. Пелоси потоа им кажа на новинарите дека нејзиното патување „вредело за ризикот“.

Три месеци подоцна, американските демократи изгубија на изборите, а Пелоси беше сменета од функцијата претседателка на долниот дом на американскиот Конгрес. Таа се повлече и од функцијата шефица на конференцијата на својата партија, а од приватната канцеларија на Капитол минатиот месец ја избркаа републиканците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ