„Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот.
Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Премиерот Ковачевски денеска на новинарско прашање рече декас е непријатно чувството што се случи тоа со државнато знаме и додаде дека е реагирано веднаш.
„И веднаш стигна извинување од Австралија и појаснување дека се работи за технички пропуст. Тоа не треба да влијае на нашите односи кои ги имаме со Австралија. На натпреварот којшто го играше нашата Лина, инаку гордост на нашиот тенис, имаше македонски знамиња во публиката, така што ние го прифативме тоа извинување на Австралија. Сепак, се работи за џентлменско извинување и се надеваме дека тоа нема да се случи во иднина“, изјави Ковачевски при посетата на Шуто Оризари, во одговор на новинарско прашање.