„Сведоци сме дека овие временски промени навистина влијаат на притисокот на срцето. Кога зборуваме за времето кога е препорачливо да се измери притисокот, најдобро е да се одмориме после оброк или ако доаѓаме од надвор, повторно да се одмориме и дури потоа да го провериме притисокот“, објаснува проф. д-р Станковиќ, диететичар.
Несвестица е еден од симптомите што укажуваат на тоа дека крвниот притисок можеби флуктуирал поради промената на времето.
Докторката објасни и која храна треба да ја избегнуваме кога имаме проблеми со промени на притисокот.
„Масната храна може да доведе до висок крвен притисок, ако јадеме мрсна храна може да дојде до ненадеен скок на крвниот притисок. Храната од растително потекло, особено овошјето и зеленчукот кои содржат фитохемикалии и растителни влакна, може да го врати крвниот притисок во нормала. Тоа ќе доведе до регулација на телесната маса, па дури и притисокот“, објаснува таа.
„Постојат различни теории во врска со кафето. Добро е првото утринско кафе да се замени со чаша вода бидејќи е познато дека миокарден инфаркт често се случува наутро, па затоа е добро прво да се пие вода, потоа кафе“, додаде докторката.