сабота, 27 јули 2024

Немирите во Франција веќе предизвикале повеќе од милијарда евра штета

Објавено на

часот

Сподели

„Над 200 продавници се ограбени, 300 филијали на банки се уништени, 250 трафики се директно погодени од изливи на насилство. Сè е украдено, дури и касите, пред тие продавници да бидат запалени. Осигурителните компании се веќе контактирани, и верувам дека оштетените претпријатија ќе бидат компензирани“, кажа тој.

Иако Безје тврди дека претпријатијата ќе бидат исплатени, осигурителните компании во вакви ситуации често ги креваат цените на осигурувањето поради стравот од идни немири.

Како што наведува претседателот на француското здружение на работодавачи, во бројката од милијарда евра не се вклучени загубите во туризмот, како ни штетата направена на државните институции како училиштата, библиотеките и полициските станици, како ни илјадниците запалени автомобили.

Демонстрантите, на пример, нападнаа една од најголемите библиотеки во земјата, библиотеката Алказар во Марсеј, на која е направена повеќемилионска штета.

„Премногу е рано да зборуваме за конкретни бројки, но веќе поминавме милијарда евра, не сметајќи ја штетата нанесена на туристичкиот сектор. Снимките од демонстрациите, кои кружат низ целиот свет, му штетат на угледот на Франција. Секогаш е тешко да се каже дали последиците ќе бидат долготрајни, но сигурно ќе има помалку посетители ова лето. Многу патувања се веќе откажани“, вели Безје.

За споредба, демонстрациите кои пред три години беснееја во Америка по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвикаа штета од околу две милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ