петок, 26 јули 2024

Немири во Нова Каледонија поради реформата за гласање, едно лице загина (ВИДЕО)

Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француската прекуморска територија, по втората ноќ насилни протести, соопшти француската Висока комисија, а телевизијата БФМ објави дека едно лице загинало во немирите.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание.

Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против.

Во нередите се повредени околу 60 полицајци, но нивната „посветеност и професионалност“ се за пофалба, соопшти комисијата.

Запалени се бројни згради, вклучително и училишта. Беше спречено планираното бегство од затворот во главниот град Нумеја, се додава.

Во сила е ноќен полициски час, а од жителите е побарано да го ограничат движењето во текот на денот, според комисијата. На сила е и забрана за собирање, продажба на алкохол и носење оружје. Аеродромот е затворен.

За Париз, Нова Каледонија е важна геополитички, воено, но и поради наоѓалиштата на никел.

Областа со околу 270.000 жители доби голема автономија со договорот од Нумеја. Островот се наоѓа на околу 1200 километри источно од Австралија.

Жителите гласаа да остане дел од Франција на секој од трите референдуми за независност во 2018, 2020 и 2021 година.

Но, движењето за независност го бојкотираше последното гласање и најави дека нема да го прифати резултатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ