Синоќа во Берлин избија немири, кога демонстранти се собраа да им изразат поддршка на Палестинците, а помала група ја нападна полицијата.
Палеле гуми на автомобили и фрлале пиротехнички средства, пренесува Билд. Полицијата истакна дека брзо успеала да ја стави ситуацијата под контрола и да ги уапси демонстрантите.
1/2 A large and diverse demonstration for Palestine took place in #Berlin on Sunday in the migrant neighborhoods of #Kreuzberg and #Neukölln. #B0610 #Berlinprotests #Palestineresists pic.twitter.com/Uqt3XznKv8
— Montecruz Foto (@Montecruzfoto) October 6, 2024
Протестот се одржа во етнички мешаниот Кројцберг под слоганот Стоп на геноцидот во Газа. Демонстрантите потоа се упатија кон Нојколн, област со голема арапска заедница, каде што се случија немирите.
Во текот на викендот, толпата маршираше по улицата Фридрих во Берлин, веејќи палестински и либански знамиња. Демонстрантите одржаа и говор и истакнаа дека полицијата една година ги задушува пропалестинските протести. Тие ветија дека ќе продолжат со протестите и покрај притисоците.
#B0710 🇵🇸 Pali-Demoterroristen fakeln #Berlin #Neukölln ab.
👇👇 pic.twitter.com/LEgPC8Ghfr— SenderFreiesBerlin🎙🇩🇪 (@Senfdazu24) October 7, 2024
Покрај тоа, тие ги критикуваа германските медиуми наведувајќи дека не ја пренесуваат вистината.
Покрај пропалестинските демонстранти, на улиците се појавија и произраелски демонстранти веејќи израелски знамиња. Полицијата постави возила меѓу двете групи демонстранти за да спречи ескалација.