„Целосно ќе се ставиме во функција на заштита на правата на работниците, истовремено почитувајќи ги и интересите на работодавците“, рече Ристовски.
Ристовски најави високи парични казни за сите работодавци што нема да ги пријавуваат своите вработени. Минималните казни ќе изнесуваат 6-7.000 евра.
Тој нагласи дека Владата, односно Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, со своите активности особено се посветени на унапредување на оваа област.