сабота, 27 јули 2024

Немилосрден топлотен бран во Индија, измерени 52,3 степени, повеќе од 50 починати

Повеќе од 50 лица починаа во Индија во изминатите три дена поради немилосрдниот топлотен бран, од кои повеќето во саботата, кога се одржа последната фаза од парламентарните избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 33 работници на избирачките места починаа во северната индиска сојузна држава Утар Прадеш, соопштија локалните власти, додавајќи дека нивните семејства ќе добијат отштета од 18.000 долари. Додека околу 20 лица починаа во државата Одиша, јавува Би-би-си.

Изборите во Индија почнаа на 19 април, а последната фаза од изборите се одржа на 1 јуни. Според упатствата на индиската изборна комисија, избирачките места треба да се наоѓаат на два километри од секој гласач, а претставниците на изборите честопати морале со денови да патуваат или да искачуваат ридови за да пристигнат до оддалечени локации.

Изборната работа е задолжителна во Индија за вработените во јавниот сектор. Должностите ги доделува изборната комисија пред почетокот на гласањето.

Во северозападна и централна Индија беа забележани максимални температури кои надминуваат 42 степени, додека пред неколку дена во Њу Делхи беа измерени дури 52,3 степени Целзиусови, а властите мораа да воведат ограничувања за потрошувачката на вода.

„Во текот на следните три дена очекуваме продолжување на топлотните бранови со намален интензитет во подрачјето на северозападна, централна и источна Индија“, соопшти вчера Индискиот метеоролошки институт. Меѓународниот панел за климатски промени наведува дека Индија е меѓу земјите кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ