Алкалоид се обиде да се надигрува со Пелситер кој го победи во финалето од Купот на Македонија, но овојпат битолскиот тим не дозволи да биде совладан.
Победникот беше решен уште во првото полувреме кое Еурофарм Пелистер го доби со 18-13, високата предност ја сочуваа до крај за конечна победа од 32-28.
Најефикасни во победничкиот состав беа Кузмановски и Манасков со по шест гола, додека Дамјан Митев исто толку постигна за Акалоид.
Вардар до последен момент чекаше кикс на Пелистер, но откако тоа не се случи, залуден беше триумфот на црвено-црните над Бутел од 31-25.