сабота, 18 мај 2024
Избори 2024

Не се забележани посериозни нарушувања на изборниот процес, информираат од МВР

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави техничкиот министер за внатрешни работи.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Тој по гласањето одговарајќи на новинарско прашање за екипираноста на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што треба.

„Покриени се сите сектори за внатрешни работи од аспект на технички и човечки ресурси. Министерството за внатрешни работи постапува согласно планот и оперативната акција, која како таква е утврдена во рамки на оперативниот штаб. Сѐ си тече како што треба“, подвлече министерот.

Тој изрази надеж дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ