сабота, 19 октомври 2024

Нема веќе пишување фактури на рака, УЈП воведува е-фактура

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека во тек се интезивни подготовки за имплементација на проектот е-фактура.

Објавено на

часот

Сподели

На вчера одржаниот состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури се дискутирало за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај домашните фирми заради воведувањето на е-фактура, соопшти УЈП.

„ИТ компаниите ја препознаваат е-фактурата не само како алатка за намалување на даночната евазија, туку и како алатка која ќе има додадена вредност за фирмите. Нема хартија, нема тонери, нема вреќи со фактури по пошта, нема носење фактури на сметководители. Воедно, подготвени се активно да соработуваат со УЈП, да ги споделат своите искуства, да дадат придонес во тестирањето…“, се наведува во соопштението од УЈП.

Системот е-фактура  Управата за јавни приходи планира да го развива и тестира во 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ