четврток, 13 јуни 2024
Американскиот сенатор на средба со опозиционери

Нема уставни измени под бугарски диктат, му кажале на Марфи во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска пратениците Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Марија Петрушeвска, Бојан Стојаноски и Љупчо Пренџов во својство на претседатели и членови на работни тела остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, и стратешките интереси на Република Македонија.

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ истакнаа дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање.

Беше посочено дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките  и укажувањата од страна на опозицијата, што секако создава уште поголема поделба во општеството.

Беше истакнато дека е потребен економски развој и борба против криминалот и високата корупција како еден од најважните проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Заклучивме дека ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да го засилуваме партнерството со Соединетите Американски Држави во однос на локалните и глобалните предизвици“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ