сабота, 27 јули 2024
За двојното убиство нема нови осомничени лица

Нема пречка Палчо да се екстрадира брзо во државава, вели Бубевски

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо.

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.

„Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо.

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември мината година, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на трети  декември.

За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ