петок, 17 мај 2024

Нема повредени лица во тетовската болница по претсрелката меѓу две групи

Во престрелката со огнено оружје пред тетовската болница во која беа ранети две лица од две групи закарани семејства, никој друг не е повреден, велат од болницата.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Д-р Бобан Вучевски од Клиничка болница Тетово информира дека нема повредени пациенти, ниту медицински персонал.

За состојбата на двајцата браќа кои учесствувале во престрелката и се наоѓаат во Клиничкиот центар во Скопјe  тој изјави:

„Едниот беше во покритична состојба. Беше интервенирано од наша страна и со екипа од анестезија и реанимација префрлен е на скопските клиники. Кај вториот кој беше повреден, но во постабилна состојба, нашите торакални хирурзи поставија торакален дрен за да се стабилизира и исто така е префрлен во скопските клиники“.

На овој случај денеска му претходела физичка пресметка пред судот помеѓу еден од сега ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето.

Во пресметката се вклучени две семејства, Мусаи и Терезија. По тепачката, тие повторно се сретнале на влезот од болницата. Таму дошло и до употреба на огнено оружје, каде биле повредени Адхурим и Зендел Мусаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ