петок, 26 јули 2024

Нема повеќе непоразени екипи во НБА-лигата

Објавено на

часот

Сподели

„Јастребите“ како гости го совладаа дрим тимот на Мајами со 100-92, додека актуелниот НБА-шампион беше поуспешен од Оклахома со 100-87. По неуспесите на „жешките“ и на „громовите“ во НБА-лигата повеќе нема непоразени екипи.
Пресудна за поразот на Мајами беше последната четвртина, која гостите ја добија со 21-33. Џејмс повторно имаше одлична партија со скор од 28 поени, седум скока и шест асистенции, но тоа се покажа недоволно за победа. Творец на победата на Далас, пак, беше германскиот ас Дирк Новицки со 26 поени, шест скока и три асистенции.

Eкипата на Сан Антонио спарс загуби со 96-106 на гостувањето против Минесота тимбервулфс, но далеку пострашна од поразот за „спарси“ беше повредата на Емануел Џинобили. Аргентинецот ја скрши раката, поради што ќе паузира најмалку околу месец и половина.
Резултати: Феникс – Голден стејт 102-91, Њујорк – Торонто 85-90, Бостон – Вашингтон 100-92, Мајами – Атланта 92-100, Детроит – Орландо 89-78, Њу Џерси – Индијана 94-108, Минесота – Сан Антонио 106-96, Далас – Оклахома 100-87, Денвер – Милвоки 91-86, Јута – Њу Орлеанс 94-90.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=d3d4QrKLRgI]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ