сабота, 27 јули 2024
Пацинетките ПАП тестот без пари сега ќе може да го прават на три години

Нема веќе еднаш годишно бесплатен тест за рана детекција на карцином на матка, сега чини 1.500 денари

Наместо на една година, жените сега ПАП тестови кај матичните гинеколози ќе можат да ги направат бесплатно, но еднаш на 3 години. Тест за рано откривање на рак на грлото на матката бесплатно може да добијат пациентки кои имаат операција поради позитивен наод за карцином, состојба после интервенција или пак се подготвува за операција. Останатите пациенти ако еднаш во годината сакаат да направат ваков тест, ќе мора да платат 1.500 денари.

Објавено на

часот

Сподели

ПАП тестот е медицински преглед кој открива промени во клетките на грлото на матката, открива ХПВ, а резултатите може да укажуваат на развој на рак на грлото на матката дури и во неговите најрани фази.
Во нашата држава има висока инциденца од 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени, споредено со она кон кое треба да се стремиме, два до четири нови случаи на 100 илјади жени. Ова беше кажано на 24 јануари на прес-конференцијата на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со Здружението на патолози и Македонското здружение за радиологија и онкологија, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката – од 22 до 28 јануари.

Од Министерството за здравство за МКД.мк како одговор на нашето прашање зошто е донесена ваква олдука ни испратија одговор одговор од д-р Марјан Стојовски, претседател на националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на матката:

„Заради подобра информираност на јавноста информираме дека нема промени во грижата за женското здравје, напротив како Министерство за здравство и како национална комисија за превенција на карцином на грлото на матката спроведуваме низа активности кои се во согласност со европските стандарди, со цел намалување на процентот на малигни промени на гениталните органи. Секоја пациентката и понатаму еднаш годишно (доколку нема потреба од повеќе прегледи) е потребно да оди на гинеколошки преглед кај својот матичен гинеколог, а согласно медицинската индикација матичниот гинеколог треба да утврди за евентуалните процедури кои ќе треба да се направат кај истата пациентка (ПАП ТЕСТ, УЗ преглед, микробиолошки иследувања, ХПВ типизација, колпоскопски преглед итн.) Во насока на унапредување на женското здравје е и спроведување на скринингот за превенција на карциномот на грлото на матката, согласно америкинските и европските протоколи во кои децидно се назначува дека секоја жена на возраст од 21 до 59 годишна возраст треба да има направено ПАП тест кај својот матичен гинеколог и доколку тој е негативен, или нема промени на грлото на матката утврдени со колпоскопски преглед, нема инфицираност со ХПВ вирус, односно не постои индикација за почесто земање на ПАП тест, тој ќе се повтори после три години, согласно препораки од ЕУ“, ни одговорија од МЗ.

Доколку пациентката има направено ХПВ типизација и таа е негативна, кај оваа пациентка ПАП тестот треба да се повтори за три години во отсуство на какви било промени на грлото на матката, кои ги утврдува матичниот гинеколог. Доколку матичниот гинеколог постави индикација дека треба да се земе почесто ПАП тест, заради евентуално сомневање на некои неправилности на грлото на матката (ранички на грлото на матката) кај истата пациентка, во договор со ПЗУ, е назначено дека и тој ПАП тест ке биде земен бесплатно (со партиципација) во тригодишниот период.

„Доколку матичниот гинеколог постави индикација за упатување на секундарно или терциерно ниво, тоа ќе го направи преку МојТермин на УК ГАК со закажување во системот, во онколошка амбуланта за натамошни иследувања. Со цел да се намали инциденцата на смртност од карцином на грлото на матката Министерството за здравство и Националната комисија ја спроведуваат програмата за скрининг на рак на грлото на матката како и досега  во која е утврдена активноста со мобилни амбуланти да се приближиме и до женската популација во руралните средини, а се со цел да се подигне свеста за редовните гинеколошки прегледи и истите потоа да влезат во скрининг програмата и да се јавуваат секоја години кај својот матичен гинеколог. Истовремено овие пациентки добивааат совети за планирање на семејството и безбедно мајчинство. Сите овие услуги се бесплатни и се наменети за сите жени и девојки посебно од ранливите семејства во тешко достапните рурални средини“, се додава во одговорот.

Инаку, од МЗ велат дека препораките за скрининг на грлото на матката согласно нивните регионални центри ПАП тестот во Словенија, Унгарија, Италија и други земји исто така се прави еднаш на три години.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ