понеделник, 21 октомври 2024

Нема потреба од седница на Советот за безбедност, Тошковски е согласен со Сиљановска Давкова

Се согласувам со претседателката Гордна Сиљановска Давкова и сметам дека во овој момент нема потреба од свикување на Советот за безбедност, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оценувајќи ја безбедносната состојба во државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој момент нема потреба од свикување на Советот за безбедност. Да, имаше информации и имаше и најави за дестабилизација. Но сметам дека безбедносната состојба во земјава не е загрозена до тој аспект за да има потреба да се свика националниот Совет за безбедност“, рече министерот на прашањето дали на средбата што ја имале со претседателката на Македонија е разговарано за безбедносната состојба.

„Покажавме дека можеме да се соочиме со сите предизвици. Дали има најави за немири оваа есен, протести и слично, да, имаше најави, но ќе се справиме со секој предизвик доколку е потребно“, рече Тошковски.

Тој одговори дека во МВР се продолжува со истраги за поранешни и за сегашни функционери и за правни лица и додаде дека е важно тие истраги да бидат во законска рамка и доколку по нивното завршување тие се процесуираат низ правосудниот систем со ефект тие функционери да бидат отстранети од системот, дека тоа ќе биде добро за општеството.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ