недела, 20 октомври 2024

Нема послатко: победа над Србија среде Белград – во „Македонска арена“!

Објавено на

часот

Сподели

Лазаров е пред голем личен успех – да стане најдобар стрелец во историјата на ЕП

Во сценариото од соништата, победата би значела полуфинале, но триумфот можеби ќе значи само обезбедување меч за пласман. За да знаеме сигурно, мора да почекаме крај на средбите Полска – Германија и Данска – Шведска. Во случај на победа на Полјаците од максимум два гола разлика и триумф на Швеѓаните во скандинавската пресметка, Македонија би играла за полуфинале. Ако Германија победи во воведниот натпревар, наредните две средби нема да имаат посебно натпреварувачко значење, но ако Полјаците изненадат, се отвора шанса за Данците, кои ако пак потоа загубат од Шведска, ние стапуваме на сцена… Но најважно е дека ние секако ќе одиме на победа. За да докажеме дека сме подобри од Србија во ракомет, ама и да им го нанесеме првиот пораз на организаторите на овој континентален собир. На крајот на краиштата, да ги победиме Србите среде Белград во „македонската“ Арена, која сигурно ќе има десетина илјади наши навивачи.

„Би сакал да завршат двата меча во најдобри сценарија за нас, но сето тоа не зависи само од Македонија. Мирно го чекаме мечот вечерва. Не сакам да правам математики. Србија можеби ќе излезе со втор состав, но и да играат со најдобрите, а ние да играме како досега, сигурно ќе славиме“, вели Бранко Ангеловски, левиот бек на селекцијата.

Бранко Ангеловски сонува за уште една ваква радост со навивачите

Репрезентативниот голман на Македонија Борко Ристовски, кој ја спушти ролетната на дуелот со Полска и беше главниот играч за победа, вели дека Македонија ќе биде како домаќин на средбата со Србија.

„Очекувам дека ќе имаме повеќе навивачи од Србија. Нестрплив сум, може да се спојат коцките и да играме за полуфинале. Можеби сега среќата конечно ќе биде на наша страна. Ние даваме 100 проценти на секој натпревар за нашите навивачи и нашата земја. Пласманот во полуфиналето ќе биде наш најголем успех и нашата мала земја ќе стане позната и многу горда“, вели Ристовски.

Синоќешните информации од стручниот штаб се дека пивотот Стојанче Стоилов е неизвесен за настап. Стоилов вчера не тренираше поради повреда на грбот, но се очекува тој да стегне заби и да настапи. Во тимот ќе бидат Филип Миркуловски и Ацо Јоновски, кои добија тешки повреди со Полска.

Несовладливиот ветува уште една голема партија: Борко Ристовски

„Јас ветив пред првенството дека ако играме повторно со Србија, ќе ги победиме. Вечерва ќе биде празник на ракометот, ќе има по 10 илјади навивачи за секој тим, дај боже мечот да ни ја решава судбината за полуфинале, па да види светот како се сака држава и како се игра ракомет на овие простори“, вели капитенот Кирил Лазаров, кој не се оптоварува со бркање на рекордот за најдобар стрелец во историјата на сите европски шампионати. Со неговите 43 гола досега, тој заостанува само 14 погодоци зад рекордерот Штефан Ловгрен, кој во 2002 година беше најпрецизен со 57 гола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ