сабота, 27 јули 2024
Уставен суд донесе одлука

Нема ништо неуставно тоа што работниците од Бехтел и Енка работат прекувремено

Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка за оценувањена на уставноста на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот кој ја регулира прекувремената работа особено онаа што е предвидена за работниците кои работат во Бехтел и Енка на изградба на дел од автопатиштата долж коридорите 8 и 10.

Објавено на

часот

Сподели

Уставниот суд денеска одлучи да не ги прифати наводите во иницијативите на политичката партија Левица, на Хелсиншкиот комитет за човекови права, на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање бидејќи, како што информираа од Уставен, судот не нашол неуставност во одредбите кои уредуваат меѓу другото и прекувремената работа за проекти од стратешко национално значење како што е оној за изградба на дел од автопатиштата долж коридорите 8 и 10.

„Со оспорениот член е предвидено дека по исклучок, за работа на проекти од стратешко национално значење, а поради потребата од контитуниет во работата, прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно, по претходна писмена согласност на работникот.  Неосновани се наводите дека не е предвидена горна граница на прекувремената работа. Таа е определена токму во вториот став на оспорениот член, односно дека работата над 40 часа неделно се смета и се плаќа како прекувремена работа согласно Законот за работни односи кој меѓу другото го регулира правото на дневен одмор, односно правото на работникот да има дневен одмор од 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена и правото на работникот на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато“, велат од Уставен суд.

Што се однесува до писмената согласност од страна на работникот за прекуваремена работа, за која подносителите на иницијативата велат дека „ниту еден работник не може да биде распореден да работи прекувремена работа без негова согласност”, според Судот упатува дека таквата формулација значи дека прекувремените работни часови се избор на работникот, а не обврска.

„Писмената согласност претставува дополнителна заштита на работникот дека не може да му биде наложена прекувремена работа спротивно на неговата волја и над законскиот лимит. Во овој контекст Судот ја зема предвид и Европската социјална повелба на Советот на Европа од 1961 година која ги гарантира социјалните и економски човекови права, и којашто во Македонија се применува од 2005 година. Според таа Повелба признато е правото на правична заработувачка, но и правото на зголемена заработувачка на работниците за прекувремена работа, со исклучок на некои посебни случаи“, велат од Уставен суд.

Во однос на наводите од Иницијативата за евентуално нарушување на безбедноста и здравјето при работа на работниците, од Уставниот суд велат дека немаат надлежност да се впуштат во расправа за претпоставени прашања, земајќи го предвид фактот дека тие односи меѓу работникот и работодавачот се уредени со договри за работа, а должност е на Државниот инспекторат за труд да проверува  дали тие права и обврски се почитуваат.

„Согласно член 117 став 6, работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор за труд што претставува посебна заштита на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење“, информираа од Уставниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ