сабота, 27 јули 2024

Нема напредок меѓу Скопје и Софија, па нема услови за посета на Париз, вели Радев

Објавено на

часот

Сподели

„Нема напредок по отворените прашања меѓу Софија и Скопје, затоа нема услови за мојата посета на Париз кај претседателот Макрон. Сакам да видам реални резултати, ја ценам ангажираноста и напорите на нашите европски партнери“, рече Радев.

Бугарската агенција вчера објави дека на последниот Коалициски совет е објавена посетата на претседателот, премиерот и министерката за надворешни работи на Франција и според учесници на Советот, се очекувало во Париз да биде одобрен предлогот на претседателот Макрон за кревање на ветото за Македонија.

Петков вчера во Брисел изјави дека не може да потврди ниту да соопшти кој е поканет кај Макрон и додаде дека темата Македонија е во рацете на дипломатите.

„Се врши многу голема работа на ниво на Министерствата за надворешни работи, за да се видат сите можности за напредок по прашањето за Северна Македонија. Не можеме да потврдиме ништо во однос на чекорите. Но она што го потврдувам, за да се избегнат секакви шпекулации, пред што било да се направи, независно што ќе се договорат дипломатите, се ќе оди низ Собранието и Собранието е последната инстанца и нема да има ништо тајно или скриено пред бугарскиот народ“, одговори Петков на новинарско прашање.

Коментирајќи ја изјавата на Петков, Радев рече дека внително ги следел позициите на партиите, но сите одлуки за решавање на прашањето ќе поминат низ народното собрание , а последната инстанца секогаш е народот.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ