недела, 26 јануари 2025

Нема интерес за спасители на струшката ривиера

Објавено на

часот

Сподели

„Интересот од концесионерите е минимален. Во моментот само две плажи имаат ангажирани спасители на отворени води, односно по едно лице на плажата Ливадиште и во аквапаркот во хотелот Изгрев“, рече Даути за МИА.

До денеска, нагласи, концесионерите од другите плажи воопшто немале побарано. Додека минатата година на крајбрежјето во Струга биле ангажирани 10 спасители на отворени води.

„Концесионерите да ги обезбедат плажите со спасители на вода. Тоа е добро за безбедноста на капачите, но и за туризмот воопшто“, апелира Даути.

Потребата од спасители на вода, според неа, е неминовна, а тоа го покажуваат многубројните навремени реакции, кои придонеле да не дојде до несакани случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ