Според обвинителство, нема докази дека други лица освен полицаецот Игор Спасов биле вмешани во смртта на Мартин Нешковски.
Скопското обвинителство ја отфрли пријавата дека има и други лица поврзани со смртта на младото момче, поради немање докази.
Семејството на Мартин е незадоволно од ваквата одлука.
Во понеделникот осомничениот Спасов ги даде завршните зборови во судот, а се очекува воследниот понеделник да биде изречена пресудата за него.