сабота, 27 јули 2024

Нема договор за нова влада, Бугарите пак одат кон предвремени избори

Бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел, од централно-десничарската партија ГЕРБ, во неделата изјави дека нема договор за формирање нова влада со централно-десничарската партија Продолжуваме со промените (ПП).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По парламентарните избори минатата година, двата политички табора што избија на врвот, ГЕРБ и ПП, склопија договор за поделба на власта според кој должноста на премиерот е ротирачка.

Минатиот понеделник Габриел се согласи да формира нова влада по оставката на премиерот Николај Денков, од ПП, на 5 март, со што во наредните девет месеци, според договорот, владата ќе ја води ГЕРБ.

„Разговаравме три дена (…) и постојано велиме „не“ на новите услови“, рече Габриел.

Преговорите пропаднаа поради барањето на ПП за функцијата министер за внатрешни работи, откри Габриел пред новинарите, додавајќи дека в понеделник ќе достави писмо до Собранието дека ја повлекува кандидатурата за премиер.

Предвремени избори

„ГЕРБ нема по втор пат да учествува во преговори“, рече таа.

Доколку и вториот кандидат за премиер од двете најголеми партии не успее да формира влада, претседателот Румен Радев ќе треба да назначи трет кандидат од другите партии. Тој неуспех ќе го отвори патот за предвремени избори.

Во април минатата година ГЕРБ освои 69 од 240 места во парламентот, а блокот предводен од ПП освои 64 места.

Според бугарскиот устав, пред предвремени избори парламентот не треба да се распушта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ