четврток, 16 јануари 2025

Неконтролираната кражба на струја го остави Слупчане без електрична енергија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

И во ова село кражбите на електрична енергија се околу 80%, исто како што беше случајот во скопско Арачиново. 
Наплатата е само 20%.

Од ЕВН добивме потврда за прекинот во снабдувањето поради неконтролирано и неовластено користење на електрична енергија. Од компанијата додаваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот за дистрибуција. 

„Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти. Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. 
Сѐ додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот”, наведуваат од Електродистрибуција.

Вчера во селото се палеа автомобилски гуми за да се спречи доаѓањето на екипите на ЕВН, a ситуацијата беше мошне тензична.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ