среда, 30 октомври 2024

Неколку загинати во поплавите во Шпанија (ВИДЕО)

Неколку луѓе загинаа во областите погодени од поплавите што ја погодија југоисточна Шпанија, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека од почит кон семејствата нема да дадат дополнителни информации.

Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, во вторникот поплавија патишта и градови, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Големи поплави ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија, поројните дождови предизвикаа хаос на патиштата, а властите трагаат по неколку исчезнати лица.

Итните служби, објавија светските медиуми, работат на спасување на луѓето од поплавените подрачја. Полицијата во градот Л’Алкудија трага по возач на камион кој се води за исчезнат од раното попладне.

Градоначалникот на градот Летура, Серхио Марин Санчез за шпанската јавна телевизија изјави дека службите за итни случаи трагаат по неколку лица кои исчезнаа по поплавите.

Понатаму, брзиот железнички сообраќај меѓу Мадрид и источното пристаниште Валенсија беше прекинат поради штетата предизвикана од невремето на железничката мрежа.

Гардијан објави дека брз воз со 276 патници излетал од шините во јужниот регион на Андалузија, но никој не е повреден.

Интензивните дождови се припишуваат на феноменот познат како „ладна капка“, кој се јавува кога студениот воздух поминува над топлите води на Средоземното Море. Ова создава атмосферска нестабилност, предизвикувајќи топол, заситен воздух брзо да се крева и да формира големи кумулонимбусни облаци што доведуваат до поројни дождови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ