недела, 20 октомври 2024

Некој секојдневно труе кучиња во Велес

Објавено на

часот

Сподели

Труењето кучиња не само што е злосторство против живи суштества, туку е опасност и за луѓето, особено за децата кои можат да пријдат до отровот и тоа да биде фатално, велат од здружението.

Мери Стојкова од Гласот на животните вели дека труењето на кучиња со отров стана секојдневие низ велешките и улиците во земјава. Тие скоро секојдневно се известени за некое отруено животно, а според нивната евиденција годишно биле отруени и над  150 кучиња. Потенцираат дека  вистинската бројка на отруени кучиња е далеку поголема. Таа посочи дека труењето  на кучиња низ велешките улици е  зголемено посебно во последниве пет години.

„Синоќешниот случај за жал е многу често појава, скоро секојдневие по велешките улици. Ваквиот настан е само показател за нашето домашно воспитание и како ние гледеме на сечиј живот кога не се работи за нас луѓето.Сакајќи да се докажеме дека сме на врвот на пирамидата, се што е покревко од нас го уништуваме, почнувајќи  од растенијата па се до животните. Сторителот не смее да остане неказнет“, посочува Стојкова.

Здружението бара од  полицијата да постапува по нивните уредно поднесени  пријави за отруени кучиња низ градот. Стојкова потенцира дека во отсуство на заштитата од надлежните институции, тие како здружение прават напори да го спасат секое животно од труење со тоа што ќе го вдомат, најчесто кај семејство во странство.

„Ние не правиме бизнис, туку како членови на оваа здружене  секое свое слободно време наместо со семејството, им го посветуваме токму на овие оставени кучиња. Да ги излекуваме и вратиме во живот бидејќи за жал најчесто  се отфрлени во нашето општество. Ние потоа правиме напори да ги вдомиме овие бездомни кучиња, најчесто во странство кај некое семејство, кое со љубов и внимание ќе се грижи за овие кучиња“, појасни Стојкова. Апелира и до останатите граѓани да им се приклучат на активностите за спас на миленициите од труење низ велешките и улиците  низ земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ