сабота, 27 јули 2024

Некои ЕУ земји се бунат против новите санкции за Русија

Објавено на

часот

Сподели

Политико, повикувајќи се на дипломатски извори, истакнува дека неколку дипломатски претставници од неколку членки на ЕУ изразиле загриженост колку таквите предлози на Европската комисија се легални и изводливи во пракса.

Владите на земјите кои ги претставуваат дипломатите бараат „да се намали обемот на листата на санкционирани добра“ и острината на контролата над спроведувањето на планираните ограничувања од страна на третите земји.

ЕУ стравува дека воведувањето дополнителни забрани на повторниот извоз во Русија на фирми од трети земји би можело да ги уплаши странските деловни партнери, што ќе доведе до губење на конкурентските предности на компаниите од ЕУ.

Нацрт предлогот на 12-от пакет санкции на ЕУ против Русија кој го подготви Европската комисија е поднесен минатата недела на одобрување на членките на ЕУ. Брисел очекува новиот пакет санкции да стапи на сила пред крајот на оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ