„Кариоките“ ги стартуваа квалификациите за мундијалот во 2026 со две победи, но синоќа дружината предводена од Нејмар потфрли против Венецуела и одигра само 1-1, гостите во финишот со атрактивниот гол со ножички на Бељо ја замолкнаа публиката во Кујиба.
По крајот на натпреварот, навивачите упатија свирежи до своите миленици и за малку ќе дојдеше до голем инцидент
Кога Нејмар се упати кон тунелот, од трибините полета кутија пуканки и го погоди во глава.
Напаѓачот збезна, почна вербална конфротација, дури сакаше да тргне и физички да се пресмета, но беше сопрен од соиграчите и луѓето од персоналот на репрезентацијата.
EITA! O QUE FOI ISSO? JOGARAM PIPOCA NO NEYMAR E ELE FICOU REVOLTADO! MANDOU O TORCEDOR PRA AQUELE LUGAR! ⚠️? Alerta de clima muito tenso na Arena Pantanal! Pqp! O que aconteceu? O camisa 10 ficou muito bravo! ??? pic.twitter.com/49XtPfHZG5
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) October 13, 2023