Нејмар минатата недела се пресели во Саудиска Арабија како огромна ѕвезда, принцот му испрати луксузен авион Боинг 747, а потоа следуваше спектакуларна промоција пред 65.000 навивачи.
Но потоа се појавија информации дека во Ал Хилал се разоачрани бидејќи Нејмар пристигнал со повреда и не се знае кога ќе дебитира.
Португалскито весник Рекорд сега објави дека дошол до документ од лекарските прегледи на Нејмар, Бразилецот во моментов има дури две повреди.
Едната е ситна повреда и се очекува да биде санирана до крајот на неделата, но другата е малку посериозна и ќе бидат потребни четири недели за опоравување. Тоа значи дека Нејмар ќе се врати на терените дури во втората половина на септември.