недела, 20 октомври 2024
ПСЖ добро ќе се офајди

Нејмар пред богат трансфер во Ал Хилал, нема шанси да се врати на позајмица во Барса

Објавено на

часот

Сподели

Ал Хилал изминативе денови силно притисна по потписот на Нејмар и се говореше дека еден од условите на Бразилецот за преселба во Саудиска Арабија е да му биде дозволено да се врати во Барселона на една сезона со цел да игра на врвно ниво во пресрет на Копа Америка 2024.

Но последните информации велат дека Ал Хилал ставил вето на една ваква зделка и нема шанси да го пушти на позајмица на Камп Ноу.

Клубот од Саудиска Арабија прави голема инвестиција, за реализација на трансферот на ПСЖ ќе му плати помеѓу 90 и 100 милиони евра.

За Нејмар пак е подготвен богат двегодишен договор, најголемиот дел од медиумите пишуваат дека се работи за плата од 100 милиони евра по сезона, но има и такви кои пренесуваат за двегодишна соработка тешка дури 360 милиони евра, односно 180 милиони евра по сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ