вторник, 5 ноември 2024

Нејмар повторно се повреди! (ВИДЕО)

Нејмар издржа само половина час на својот втор натпревар по повеќе од една година пауза, Бразилецот се пожали на повреда на задниот бутен мускул.

Објавено на

часот

Сподели

Пореди сериозна повреда на коленото, Нејмар паузираше повеќе од една година и конечно се врати на терените пред две недели на натпревар во азиската Лига на шампиони.

Во рамките на ова натпреварување, Бразилецот вечерва го запиша и вториот настап, но на теренот издржа само половина час игра.

Нејмар влезе од клупата во 58. минута, но го напушти теренот во финишот од мечот, се жалеше на повреда на задниот бутен мускул на десната нога.

Останува да се види колку е сериозна новата повреда, и колку долго напаѓачот ќе биде надвор од стројот.

Што се однесува до самиот натпревар, со хет-трикот на Александар Митровиќ, Ал Хилал стигна до победа од 3-0 над Естегал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ