петок, 18 октомври 2024

Нејмар: Ова е најтешкиот момент во мојот живот, потребна ми е поддршка

Се огласи Нејмар по тешката повреда на коленото поради која сезоната за него е завршена, а можеби ќе го пропушти и Копа Америка.
 

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите синоќа ги потврдија најлошите сценарија, Нејмар скина и лигаменти и повреди менискус, тоа значи дека сезоната за него рано заврши.

Бразилецот е во тешка состојба, вели дека потребна му е поддршка од семејството и пријателите.

„Ова е многу тажен момент, најлошиот во мојот живот“, вели Нејмар.

„Знам дека сум силен, но овојпат ми е поддршка од моето семејство и моите пријатели“.

„Не е лесно да се повредиш, да имаш операција и четири месеци подоцна повторно да се повредиш“.

„Имам верба, го оставам ова во божји раце“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ