сабота, 19 октомври 2024
Бразилецот е шокиран

Нејмар не може да поверува на каков терен ќе игра во Иран (ВИДЕО)

Ал Хилал утре гостува кај Насаџи Мазандаран во азиската Лига на шампиони, а Нејмар беше шокиран кога на социјалните мрежи се појави видео од состојбата на теренот на „Азади“ стадионот во Иран.

Објавено на

часот

Сподели

Саудиска Арабија во последните години вложува огромни суми на пари за да го развие фудбалот, и изминатово лето привлече големи фудбалски имиња.

Но тоа не може да се каже и за земјите од соседството па Нејмар не можеше да поверува на каков терен ќе игра во Иран.

Ал Хилал утре гостува кај Насаџи Мазандаран во азиската Лига на шампиони, и на социјалните мрежи се појави видео од подготовките за овој натпревар, луѓе местеа парчиња на трева на подлога која се чини дека е бетон.

Бразилецот не ја криеше шокираноста и на Твитер напиша: „Ова не е возможно“.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ