Нејмар треба да биде новото звучно име кое се сели во Саудиска Арабија, Бразилецот е пред трансфер во Ал Хилал.
Неколку извори пренесувата дека ПСЖ и Ал Хилал си подале рака (во моментов нема информации за висината на зделката) а таткото на напаѓачот дал зелено светло за плата од преку 100 милиони евра по сезона.
Сега останува само уште ДА од Бразилецот, и конечниот одговор на Нејмар се очекува да пристигне во следните денови.
Од ваквиот развој на настаните раце трие и Барселона, на Камп Ноу веруваат дека ќе можат да го добијат Нејмар на едногодишна позајмица. Наводно еден од условите на Нејмар за преселба во Саудиска Арабија е да му биде дозволено оваа сезона да ја одигра во дресот на „каталонците“ и со фудбал на вравно ниво да се подготви за Копа Америка 2024.