Кристијано Роналдо беше првото звучно име кое реши да ја замени Европа со Саудиска Арабија откако му се укажа можност да заработува преку 200 милиони евра годишно.
Португалецот потоа беше следен од многу други фудбалери, а летото во 2023, во Саудиска Арабија пристигна и Нејмар.
Но овој трансфер се покажа како големо промашување, Бразилецот кратко по преселбата во Ал Хилал заработи тешка повреда на коленото, па неговите настапи се бројат на прсти.
Последните информации кои беа објавени се неверојатни, Нејмар од Ал Хилал за 2024 добил плата од 101 милион евра, а одиграл само два натпревари.
И одиграните натпревари не се цели, во двата наврати влезе од клупата за резерви и вкупната минутажа е околу 45 минути, што значи дека за секоја одиграна минута добил по 2,24 милиони евра.