сабота, 27 јули 2024

Неготинчанец сакал да ги тепа родителите, па предизвикал пожар

Дваесет и седумгодишник од неготинско село, кој им се заканувал на родителите и предизвикал пожар, бил приведен во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од СВР – Велес.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода М.А., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на своите родители, по што предизвикал пожар, кој бил изгаснат од неговата мајка“, појаснуваат од СВР – Велес. Лицето било задржано во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино“, информираше МВР.

Оттаму велат дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ