сабота, 27 јули 2024
Синоќа во Камник

Неформална средба на лидерите на Западен Балкан, заедно со Ахмети и Груби

Денеска во Скопје ќе се одржи состанок на лидерите на земјите на Западен Балкан посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски синоќа во винаријата Камник организираше неформална средба на која биле присутни и претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и првиот вицепремир Артан Груби, додека од гостите присуствувале српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, премиерот на Косово Албин Курти, Герт Јан Копман, генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија и Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот.

„Во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ. Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност“, напиша Ковачевски на својот фејсбук-профил.

Планот на ЕУ за Западен Балкан има за цел економски раст на регионот, забрзување на реформите и инвестициите кои можат да го унапредат процесот на проширување на ЕУ со овие земји. Лани во ноември, Европската комисија го претстави новиот План за раст за Западен Балкан, кој вклучува шест милијарди евра грантови и заеми за да се забрза социјалното и економското приближување со ЕУ.

Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Босна и Херцеговина имаат статус на земји-кандидати за членство во ЕУ, а најмногу напредуваа Црна Гора и Србија, кои отворија неколку поглавја во пристапните преговори. Косово нема статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Вчера во Скопје требаше да се одржи настан по повод почнување на мерката за „Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан“, но, според соопштението од владината прес-служба е одложен до моментот кога целосно ќе се овозможат техничките услови за имплементацијата на мерката во Албанија, Србија и Македонија поединечно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ